На сите им се случува повремено да внесат погрешен ПИН или лозинка, едноставно мислите лутаат, прстите почнуваат да пишуваат погрешни нешта и набрзо на екранот ви се појавува „погрешна лозинка“.
Apple на своите iPhone и iPad вградил опција за после неколку погрешно внесени PIN-ови или лозинки, да го блокира пристапот и да вклучи одложување на следниот обид. Секој нов погрешен обид го продолжува тоа одложување. Пред да сфатите што се случува, погрешниот PIN веќе го заклучил вашиот смартфон на неколку часа или можеби и неколку дена. Што сега? Можеби не изгледа така, но се уште може да го вратите својот iPhone или iPad во живот.
Ако редовно ги меморирате своите фотографии и видеа на iCloud или iTunes, нема страшно. Но, ако ги игнорирате пораките или меморијата ви е полна, би можело да ви се случи да останете без нив.
Како да го отклучите iPhone?
Влезете во "recovery mode" така што ќе го поврзете својот iPhone со компјутерот и ќе го отворите iTunes. Потоа рестартирајте го својот iPhone. За iPhone 8 или поновите притиснете ја типката за појачување на звукот, отпуштете, притиснете ја типката за намалување на гласноста и потоа притиснете и држете ја типката за вклучување. На екранот би требало да се појави "recovery mode".
Кај iPhone 7 е потребно истовремено да ја задржите типката за стишување и за вклучување, додека кај постарите модели е потребно да притиснете на "home" и типката за вклучување, додека не се појави "recovery mode". На екранот потоа ќе се појави пораката "There is a problem with the iPhone that requires it to be updated or restored" (Се појави проблем со iPhone поради што е потребно да го ажурирате или обновите). Тука одберете "restore".
Следните неколку минути целата работа ја извршува компјутерот, односно iTunes. Ако процесот потрае над 15 минути, iTunes ќе го прекине и ќе мора да почне од почеток. Никако немојте да го исклучите својот iPhone од компјутерот, додека цел процес не заврши, за да не направите дополнителна штета.
Кога процесот на обнова на уредот завршува, може повторно да ги внесете своите поставки во уредот и да почнете со користење. Ако пред заклучувањето направите безбедносна копија од своите податоци, може едноставно да ги повратите користејќи го својот Apple ID.
Целосниот текст прочитајте го на telefoni.mk