“Прегорување“ на работното место (Burnout), израз за хроничен стрес што произлегува од работното место, влезе во регистарот на болести на Светската здравствена организација.
Според медицински експерти, симптоми на оваа болест се: чувство на исцрпеност, постојано психичко дистанцирање или негативен однос кон работата и постојано намалување на професионалниот учинок.
Инаку, burnout се однесува само на работата, а не и на други области од животот.