Колку често поради невнимание ќе го извалкаме нашето најдраго парче облека? Потоа користиме разни хемикалии кои, освен што не се ефикасни, се и штетни по здравјето.
Со овој генијален домашен отстранувач на флеки повеќе не морате да размислувате за тврдокорните дамки!
Состојки: 1/2 чаша сода бикарбона, 1 чаша врела вода, 1/2 чаша 3% хидроген
Подготовка: Содата ставете ја во малку поголем сад, а потоа прелијте ја со врела вода, добро измешајте за целата сода бикарбона да се раствори, а потоа оставете ја смесата да се излади. Во изладената смеса додајте хидроген, и сè заедно ставете во празно шише со распрскувач.
Земете парче облека на кое има флека и добро натопете го со добиената смеса и оставете неколку часа да делува. Потоа исперете на вообичаен начин. Дамките ќе исчезнат!
извор: sky.mk