Дали денес се напивте Кока-Кола?
Кока-Кола е насекаде. Овој ненадминлив Американски бренд се продава во повеќе од 200 земји низ светот. Постојат и илјадници други пијалаци кои сигурно не сте знаеле дека се сопственост на овој бренд.
Иако Кока-Кола претрпе 3 промени на CEO на компанијата од 2000 година, сепак го задржа водството на американскиот пазар на газирани пијалоци, со 42.8% од пазарот, наспроти Пепси, со 31.1%.
Што уште не сте знаеле за Кока-кола?
- 1.7 билиони Кока-Кола производи дневно се конзумираат во светот.
- 3.1% од сите конзумирани продукти во светот се производи на Кока-Кола.
- Од вкупните 55 билиони пијалоци кои дневно се конзумираат во светот (освен водата), 1.7 билиони се пијалоци кои го носат заштитниот знак на Кока-Кола.
- Компанијата Coke има толку многу различни производи, што ако конзумирате по еден дневно, ќе ви бидат потребни 9 години за да ги пробате сите.
- Кока-Кола има портфолио со повеќе од 3.500 производи (и 500 брендови), од газирани и енергетски пијалоци, до пијалоци на база на соја.
- Вредноста на брендот Кока-Кола се проценува на 74 билиони долари: Повеќе од вредноста на Budweiser, Pepsi, Starbucks и Red Bull заедно.
- Брендот Кока-Кола е вреден 74 билиони долари, додека Budweiser, Pepsi, Starbucks и Red Bull заедно вредат околу 50 билиони долари, според BrandZ Top 100.
- Ако секоја капка Кока-кола некогаш произведена би била ставена во шишиња од 240 милилитри кои би биле поставени во висина едно врз друго, тие би стигнале до месечината и назад повеќе од 2.000 пати.
- Ако ги наредите сите машини за Coca-Cola кои постојат низ светот една до друга, тие заземаат нешто повеќе од 4 милиони кубни метри, поточно колку четири „Емпајр Стејт“ згради.
- Црвено-белото лого е препознатливо за 94% од популацијата на земјата.
- Постојат 33 безалкохолни брендови кои генерираат по околу 1 милијарда долари годишно. Coca-Cola поседува 15 од нив.
- Насекаде низ светот просечна личност консумира Coca-Cola продукт секој четврти ден.
- Coca-Cola троши повеќе пари на реклами од Microsoft и Apple заедно.
- Американците внесуваат по околу 1,7 милиони тони шеќер годишно или по речиси 5 килограми по човек, и тоа само од Coca-Cola.
- Просечниот Мексиканец пие повеќе Coca-Cola пијалаци од Американците, Британците, Индијците и Кинезите комбинирано.
- Coca-Cola користи 300.000 тони алуминиум за лименки секоја година, што е 17,4% од производството на алуминиум во САД.
- Coca-Cola поседува околу 1.000 различни видови на густи, негазирани сокови кои се продаваат на Американскиот пазар.