И оваа година повторно доделени стипендии од компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола
Откако започна со стипендиската програма пред 3 години, компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола досега има стипендирано 9 студенти од кои мнозинството го сочинуваат студентите од Техничкиот факултет во Битола, додека годинава беше вклучен и Економскиот факултет од Прилеп со цел да се поттикнат и студентите од тој факултет да вложуваат во нивното образование.
Со доделувањето на стипендиите целиме кон мотивација на студентите да вложуваат во своето знаење и да им пружиме можност сите теоретски стекнати знаења да ги применат и практично со практикантската програма која ја имаме имплементирано во компанијата. Фактот што нашата компанија е современо опремена, со светски стандарди и работи според дефинирани правила и процедури придонесува за продлабочување на знаењата и приближување на начинот на работа во автомобилската индустрија. Досега сме имале повеќе од 30 практиканти (интерни или екстерни) кои на крајот од практикантската програма се воодушевени и споделуваат само позитивни искуства од целиот период поминат во компанијата. И не само тоа, тука се стекнуваат и со навики кои понатаму ќе им помогнат при наоѓањето на работа како и при вклопувањето во организационата структура на било која компанија. – велат од менаџментот на компанијата.
Сите заинтересирани студенти имаа можност да аплицираат на огласот кој беше објавен во факултетите и доколку ги исполнуваат условите да бидат селектирани за корисници на стипендија по претходно извршената проценка од страна на претставници од компанијата.
Им честитаме на студентите и им посакуваме уште повеќе успеси во иднина и да ја искористат секоја можност која им се нуди за проширување на знаењата бидејќи само така можете да се справите со предизвиците кои доаѓаат во животот.
Спонзорирана објава