Не секоја работа што ќе ја имате претставува работа од соништата, но третирање на работата само како средство за постигнување на целта може да биде кобна грешка.
Таа грешка, вели авторот и бизнис консултант Сузи Велч за CNBC, ако ја направите на интервју за работа може да ви ги ускрати шансите за добивање на работата.
Дали би влегле во брак со некој што ќе рече: Може, но само додека не најдам подобра можност? Очигледно не – но тоа е токму она што потенцијалните работодавци го слушаат кога ќе ја кажете фразата која ќе ги намали вашите шанси на секое интервју за работа, вели таа.
Која е таа фраза?
Таа фраза е “скалило во кариерата“.
За прв пат, Велч ја слушнала оваа фраза на интервју за работа кога сакала да вработи дополнителни уредници за бизнис списанието која го водела. Таа се надевала дека ќе ангажира една исклучително талентирана кандидатка која изгледала доста заинтересирано за работата. Интервјуто било добро, а Велч го завршила со поставување на едно класично прашање “Каде се гледате за три години?“.
Веројатно во банкарскиот сектор. Би сакала да преминам во таа индустрија, а вашата понуда изгледа како вистинскиот чекор за тоа, одговорила кандидатката.
Велч уште веднаш знаела дека ова е крајот на патот за таа кандидатка, без оглед на тоа колку е импресивен нејзиниот талент.
“Немојте погрешно да ме разберете – особено ги ценам луѓето кои стратешки размислуваат за својата кариера“, вели таа. “Но, иако нема да бидете подеднакво посветени на секоја работа што ја имате, не можете да изградите кариера користејќи ги работодавците само за вашите лични цели“. Ако го направите тоа, вели Велч, неизбежно ќе ви се одбие од глава – дури и ако не го користите застрашувачкиот термин “скалило во кариерата“. Тоа нема никаква врска со амбицијата. Така делувате само платенички.
Наместо тоа, Велч ве советува да и пристапите на секоја можност за работа како да е работа од вашите соништа, без оглед на тоа колку долго планирате да се занимавате со тоа.
Ова е единствениот начин да станете вистински пријател со колегите, да стекнете репутација како тимски играч и да бидете пожртвувани секој ден како да е последен.