Sport Vision повеќе години на македонските потрошувачи им го приближува спортскиот животен стил преку најдобрата понуда на облека, обувки и спортска опрема од врвните светски брендови: Nike, аdidas, Reebok, New Balance, Champion, Under Armour и многу други, во 29 продавници ширум Македонија.
Слоганот на компанијата „Ние сме екипа“ – ја претставува внатрешната култура на компанијата на највисоко ниво. Зборот „екипа“ се дефинира како група од луѓе кои се стремат кон иста цел. Тој во целост ги отсликува вредностите на компанијата: припадност кон тим, надминување на сопствените граници, постигнување на невозможното, упорност и посветеност – вистински “esprit de corps”. Компанијата активно се залага сите вработени да бидат дел од екипата со тоа што ќе ги препознаат и ќе се идентификуваат со овие вредности, преку најразлични заеднички активности.
Една од неколкуте групни активности е и искачувањето на врвот на Водно. Како дел од настанот „Прв до Врв“, екипата на Sport Vision сочинета од вработени од сите оддели на компанијата: продажба, администрација, финансии, маркетинг и др. под заштитниот штит на компанијата заеднички и под мотото “Заедно до врвот” го искачи Водно и стигна на врвот. Искачувањето покрај тоа што ги отсликува залагањата на компанијата за промоција на здравиот начин на живот, дополнително го зацврсти ставот дека сите вработени треба да бидат дел од екипа која има заедничка цел, и која воедно ќе им помогне да ги исполнат и своите лични цели преку сопствен кариерен развој.
Врвот на Водно и лидерската позицијата на компанијата во регионот не е највисока и единствена цел на екипата на Sport Vision. Компанијата неуморно работи на поставување и постигнување на нови и повисоки цели, сите здружени заедно, затоа што „Спорт Висион е Екипа“ во која сите придонесуваат во патешествието кон врвот.