Град Скопје денеска распиша два јавни повици - за субвенционирање на граѓаните на подрачјето за купување електрични тротинети во 2019 година и за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди во 2019 година.
Повикот за субвенционирање на граѓаните за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје што ќе купат нов електричен тротинет од 01.01.2019 година до исцрпувањето на буџетот, или не подоцна од 30.11.2019 година.
Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.
Субвенционирањето ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Повеќе информации ќе најдете на следниот ЛИНК.
Од денес може да аплицирате за субвенции за електрични тротинети
Вести
-
Има важни причини зошто некои електрични уреди никогаш не треба да ги исклучувате
Многу електрични уреди сè уште користат електрична енергија дури и кога се исклучени.
-
Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски повик до 112
Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува да ги следи технолошките напредоци и да го надградува системот за итни повици, а новитетите вклучуваат автоматски повици од „паметни часовници“. Според ЦУК, ова е дел од постојаното подобрување на единствениот број за итни случаи 112, кој веќе е достапен на целата територија на државата.
-
ПОЗНАТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ ЗАТВОРА ПРОДАВНИЦИ - само на Балканот 260 вработени останаа без работа
Вкупно 260 работници во Хрватска останаа без работа по одлуката на компанијата „Бенетон“ да затвори дел од продавниците. А пред само две години Бенетон најави триста нови вработувања, што беше поддржано од градот Осиек, но се чини дека ова остана само зборови на хартија.
-
Парадата на шест планети видливи од Земјата
Вчера вечер, на 25 јануари 2025 година, небото приреди вистинско астрономско чудо! Шест планети од Сончевиот систем – Марс, Венера, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун – беа видливи од Земјата, создавајќи спектакуларен феномен познат како парада на планетите.
-
Место кое на механичарите и електричарите им нуди плата од 3.000 евра, платено сместување и храна
British Antarctic Survey (BAS) бара работници за истражувачки станици на Антарктикот. Британското Антарктичко истражување (БАС) моментално бара луѓе кои ќе работат на своите истражувачки станици, нудејќи различни позиции, од механичари и електричари до морски биолози и експерти за нуркање. Минималната годишна плата е 29.273 британски фунти (околу 35.000 евра), а работата доаѓа со бројни поволности.
-
Британците истражуваат дали ЛЕД светлата на возилата се опасни за другите возачи
ЛЕД светлата на автомобилите се на удар на критики во Велика Британија, каде илјадници возачи бараат нивна забрана.