Врз основа на чл.22 и 23 од Законот за работните односи ("Службен весник на Република Македонија" бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), Стопанската комора на Македонија, објавува
Стопанската комора на Македонија има потреба од вработување на еден извршител на определено време (три месеци), со можност за продолжување, за работно место возач во Службата за оперативни работи во рамките на Дирекцијата на други форми на организирање и работење, во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија.
Профил на работна позиција:
• Управување на службено возило за потребите на Стопанската комора на Македонија;
• Грижа за техничка исправност и хигиена на службеното возило;
• Навремено и редовно сервисирање на службените возила кај овластениот сервисер;
• Навремено регистрирање на службените возила обезбедување потребна документација за осигурување на возилата и патниците;
• Навремено вадење на потребната документација за управување со службеното моторно возило во земјата и странство;
• Следење на сообраќајни правила и сигнали;
• Почитување на сообраќајната етика.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
• Завршено средно образование;
• Возачка дозвола – Б категорија, поседување на повеќе категории на возачка дозвола ќе се смета за предност;
• Работно искуство како возач најмалку 10 години;
• Солидно познавање на англискиот јазик;
• Солидно познавање на автомобилската технологија;
• Познавање на територијата на град Скопје и Република Северна Македонија;
• Развиени комуникациски вештини;
• Уредност, професионалност, одговорност и самоиницијативност
• Прецизност, точност и посветеност на работата.
Работното време е 40 часа неделно (понеделник – петок). Работното време е клизно во периодот од 08:00 – 08:30 часот наутро до 16:00 – 16:30 часот попладне.
Основната нето плата изнесува 19.285,00 денари месечно.