“Дојче Банк“ очекува трошоците за главното реструктуирање да достигнат до пет милијарди евра, открива добро информиран извор за Бизнис Инсајдер.
Кристијан Севинг, извршен директор на “Дојче Банк“, во мај најави дека ќе се случи големо реструктуирање на банката.
Имено, тој тогаш им даде ветување на акционерите дека ќе дојде до “големи кратења“ во инвестициската банка со цел да се заокружи процесот, откако не се постигна договор за спојување со ривалската “Комерцбанк“.
Најголемиот германски кредитор планира да укине помеѓу 15.000 и 20.000 работни места, од вкупно 91.500.
Од банката велат дека работат на мерки за забрзување на трансформацијата со цел да се постигне одржлива профитабилност.