И најголемите воркохолици во светот сметаат дека работна недела со пет дена е премногу!
Работодавците во неколку јапонски компании им овозможија на своите вработени да работат четири дена неделно, а да бидат платени за пет.
Јапонците важат за лидери по долгите работни часови и строгата работна култура. Но, по се изгледа дека доаѓа промена!
Некои компании воведоа нов распоред според кој на работниците им е овозможено да работат само четири дена во неделата, но условот е работното време да изнесува 10 часа дневно.
Слободен петок за поголема флексибилност
И не само флексибилнсот! Повеќе истражувања само потврдија дека вработените се и многу попродуктивни и пофокусирани на работа кога работат пооптимално. Од друга страна, тие се и позадоволни бидејќи имаат повеќе време на располагање за да се посветат на семејството.
Земјата е и натаму далеку од прифаќање на четиридневната работна недела во секоја компанија, меѓутоа ова е добар знак дека кога се сака – се може.