Просечната плата во Македонија од 404 евра се наоѓа под просекот на Западниот Балкан бидејќи според тој параметар нашата земја се наоѓа само над Албанија.
Македонија се наоѓа на дното според износот на просечната плата во земјите од Западен Балкан, а просечниот Македонец кој заработува 404 евра, има повисока плата само од просечниот Албанец кој месечно работи за плата од 310 евра.
Во моментов, просечната плата во Босна и Херцеговина изнесува 473 евра, а во Црна Гора таа е 513 евра.
Највисока просечна плата има Словенија
Во оваа споредба, неизбежно е да се вклучат и земјите од поранешна Југославија кои се веќе членки на ЕУ – Словенија и Хрватска. Просечната плата во овие две земји е недостижна за останатите земји во регионот бидејќи во Хрватска таа изнесува 865 евра, а во Словенија дури 1.114 евра.
Погледнете ја целата листа:
Словенија – 1.114 евра
Хрватска – 865 евра
Романија – 623 евра
Црна Гора – 513 евра
БиХ – 473 евра
Србија – 462 евра
Бугарија – 450 евра
Македонија – 404 евра
Албанија 310 евра