Своето богатство го стекна како еден од основачите на компанија која се занимава со производство на препарати за коса.
Големата разлика помеѓу успешните и неуспешните луѓе е во тоа што успешните луѓе го прават сето тоа што неуспешните не сакаат да го направат, вели милијардерот и претприемач Џон Пол ДеЏорија.
Своето богатство го стекна како како еден од основачите на компанијата која се занимава со производство на препарати за коса Пол Мичел, но на свои 16 години тој бил задолжен за некои помошни работи во продавница за хемиско чистење.
Местел закачалки и бришел подови за саатница од 1.25 долари
Една случка која му се случила на шеснаесетгодишна возраст милијардерот ја памети до денес.
Еден ден, дојде шефот кој беше многу строг и ми кажа дека сака да разговара со мене. Веднаш помислив дека сум направил некоја грешка. Меѓутоа тој ме повика за да ми каже дека претходниот ден работел до многу доцна кога во еден момент забележал дека нема никаква прашина под килимот и позади мебелот, вели ДеЏорија.
Неговиот шеф изјавил дека не ни помислил дека некој може да ја изврши својата работа толку добро кога никој не го гледа и му ја зголемил саатницата за 25 центи.
Според она што го научил како шеснаесетгодишник, ДеЏорија верува дека успехот не е во тоа колку пари имаш и која е твојата позиција.
Успехот е колку добро ја завршуваш твојата работа кога никој не те гледа, заклучува тој.