Сакате да го импресионирате работодавачот на интервјуто за работа? Тогаш е најдобро да ги послушате советите на водечките луѓе од светот на бизнисот и да ги зголемите шансите за добивање на работата.
Во секој разговор за работа доаѓа време кога интервјуерот му кажува на кандидатот: Дали имате некакво прашање за нас? Ова всушност е вашата можност да одредите дали отвореното работно место е соодветно за вас, но и последна шанса за да го импресионирате потенцијалниот работодавач, па токму затоа е од клучно значење да го поставите вистинското прашање.
Дејв Керпер, извршен директор на успешната американска компанија Likable Local, ги запрашал своите пријатели и директори да го споделат своето гледиште со него околу тоа кое би било вистинското прашање.
Тој открива дека околу едно прашање се согласиле сите, а тоа е: “Како мојата работа ќе придонесе за мисијата на компанијата?“.
Дејв вели дека ова прашање покажува самодоверба, но исто така и мотив да се разгледа работата од поширок агол, што всушност укажува на висока интелигенција. Освен тоа, ова е јасен знак дека потенцијалниот кандидат не бара само работа, туку нешто во што силно верува.
Како преостанати важни прашања, директорите ги издвоија:
Кој е најголемиот стресен момент на оваа позиција?
Како вие ја започнавте вашата кариера во оваа област?
Кој е најважниот критериум по кој го мерите успехот на вработените?