Кога и да појдете да прегледувате крвна слика преку крв земена од прстот, сигурно сте забележале дека најчесто, речиси секогаш, лаборантите примерок од крвта ни земаат од домалиот, четврт прст. Дали некогаш сте се запрашале зошто е таква таа пракса?
Палецот и малиот прст се многу подобро поврзани со зглобот на раката отколку останатите прсти. Тоа значи дека теоретски инфекција од палецот или малиот прст многу побрзо би се проширила и би ја зафатила раката. Поради тоа крвта генерално се вади од кој било прст освен палецот и малиот прст.
Но, во четвртиот прст воглавно има нешто помалку рецептори за болка, па боцкањето е помалку непријатно. Освен тоа, овој прст го користиме поретко од другите, па и кожата е потенка. А поради тоа и евентуалните ранички на овој прст зараснуваат побрзо отколку на останатите прсти.