Ако отсега сакате да замените старо возило со ново, државата ќе ви даде субвенција од 2.000 до 3.000 евра.
На вчерашната прес-конференција Министерот за екномија, Крешник Бектеши, рече дека ова е една од мерките кои се предвидени со новиот Закон за моторни возила кој беше донесен од страна на собранието.
Критериумите за поддршка најверојатно ќе се базираат на приходите во семејството, а доколку има ребаланс на Буџетот, реализацијата на оваа и останатите планирани мерки ќе започне годинава, а ако не, тогаш средства ќе се обезбедат догодина и имплементацијата ќе отпочне од 1-ви јануари 2020 година.
Со Законот предвидени се и субвенции за вградување погон за алтернативни горива кај возилата и не се отфрла можноста со оваа мерка да бидат опфатени и оние кои оваа година ставиле плин.
На почетокот на септември се очекува да има јавна дебата за точно да се дефинираат мерките кои се веќе содржани во новиот Закон.