Сања Стаменовска е уште една инспиративна приказна која произлезе од програмата за практикантство во Маркарт. Како практикант во одделот за финансии започнала сосема случајно преку мерките за практикантство на Агенцијата за вработување, а за Маркарт вели дека е една од ретките компании кои наместо да бараат искуство, ти даваат шанса да поминеш фаза на обуки и пракса, а потоа следува и можност за вработување. По три месеци пракса, Сања е вработена како Помлад сметководител во одделот за финансии на Маркарт.
Приказната на Сања Стаменовска во Маркарт започнува на 15.08.2016 година кога сосема случајно, како секој млад човек кој по завршувањето на своите студии се обидува да најде работа, се пријавила на марките за практикантство организирани од страна на Агенцијата за вработување. По три месеци, наместо сертификат за успешно реализирана пракса, Сања добива понуда за вработување и станува член на Маркарт тимот. Се надеваме дека нејзината успешна приказна ќе биде инспирација за многумина млади луѓе кои во моментов се соочуваат со истиот предизвик.
Како започна вашата приказна во Маркарт?
- Од Агенцијата за вработување ми понудија да бидам дел од проектот за практикантство во временски период од 3 месеци. Без размислување ја прифатив понудата, затоа што како голем дел од младите, по завршувањето на студиите се соочив со проблемот да добиеш негативен одговор после голем број на пратени апликации и поминати интервјуа за работа, со образложение дека немам работно искуство. Во тој момент, сфатив дека Маркарт е една од ретките компании кои наместо да бараат искуство, ти даваат шанса да поминеш фаза на обуки и пракса, а потоа следува и можност за вработување.
Како би го опишале вашето практикантство во Маркарт?
- Периодот на пракса за мене беше навистина супер искуство. Од првиот ден, бев многу добро прифатена од страна на моите колеги кои несебично ми го пренесоа своето знаење и искуство. Во тој период од 3 месеци се стекнав со основно знаење во областа на сметководството и финансиите, кое благодарение на теоретското предзнаење успеав многу лесно да го совладам. По завршувањето на праксата, за среќа и на мое големо задоволство, ми беше понудено работно место во одделот за финансии. Со потпишување на договорот за вработување, од 15.12.2016 година официјално започна мојара кариера во Маркарт.
Како изгледа работниот ден на Сања?
- Како Помлад сметководител, работниот ден го започнувам, секако, со шолја кафе, прегледување и одговарање на мејлови, извршување на рутински активности со системско следење на трошоци и книжење на фактури, контактирање со добавувачи, плаќања кон нив, изготвување на извештаи и други активности поврзани со интерниот концепт на работа.
Зошто го избравте Маркарт, а не некоја друга компанија?
- Уште на самиот почеток, знаев дека Маркарт е вистинскиот чекор за мојата кариера. Познато е дека сите обуки, пракси и доквалификации чинат пари, додека Маркарт е една од ретките компании кои даваат шанса за пракса, а потоа и можност за вработување, како што беше случајот со мене, на што сум особено горда што бев дел од тој проект, а денес и дел од Маркарт тимот.
Кои три работи најмногу ви се допаѓаат во Маркарт?
- Маркарт е компанија која нуди одлични можности за работа и напредување. Од многуте работи кои ми се допаѓаат во компанијата, посебно би ги издвоила следните три: 1) Условите за работа и грижата на компанијата за вработените; 2) Можноста за постојан развој и евалуација во работењето; и 3) Тимската работна средина, дисциплина и корпоративна култура.
Кое е вашето најголемо достигнување?
- Самата можност да се биде дел од Маркарт за мене претставува големо достигнување. Првенствено, затоа што овде го стекнав моето основно знаење и искуство, кое имам шанса постојано да го надополнувам и развивам. Научив добро да менаџирам со времето, работна дисциплина, успеав да развијам комуникациски вештини на македонски и англиски јазик, да работам во тим и да носам одлуки кои зависат од краток рок.
Што би им порачала на сите што сакаат да станат дел од Маркарт?
- Се надевам дека моето искуство и досегашно достигнување ќе мотивира многу потенцијални кандидати, на кои би им препорачала да инвестираат во себе, да не се двоумат и да аплицираат во компанијата. Маркарт е една од неколкуте странски компании од автомобилската индустрија, која постојано го следи развојот и иновациите во технологијата, што упатува на фактот дека е голем предизвик и привилегија да се биде дел од оваа компанија. Станете дел од компанија во која преку корпоративниот развој се поттикнува и личниот развој на вработените.