Основачот на Rimac Automobili, Мате Римац, е на листата на најуспешни млади претприемачи и идни милијардери на подрачјето на Источна Европа.
На листата се најде и Бранко Милутиновиќ од Србија како основач на Nordeus – компанија за развој на мобилни игри која важи за една од најбрзорастечките во Европа. Покрај иновациите, Милутиновиќ е познат и по својата хуманитарна работа низ цела Србија.
Исто така, таму е и Константин Рангелов од Бугарија кој преку својата компанија Dronamic овозможува воздушен превоз на производи до 350 килограми за многу краток временски период.
Последен на списокот е Ростислав Кнап од Полска кој како голем експерт за финансии и бизнис ја основаше CallPage, онлајн услуга која го следи однесувањето на корисниците и нивните активности на веб страниците.
Според порталот Славорум, нивниот бизнис е во многу добра насока и тие се на пат да станат големи глобални играчи.