Веројатно претпоставувате дека оној специфичен мирис што го имаат базените се должи на хлорот. А каде што има многу хлор, мора да е и многу чисто, нели? Краткиот одговор е – Не. Во соблекувалните на базените со причина стојат натписи кои препорачуваат туширање пред пливањето, како и по пливањето.
Причината е во азотот. „Кога ќе влезете во базен, а не сте истуширани, во него внесувате се што се наоѓа на нашата кожа – природните кожни масти, потта, козметика и производи за лична хигиена, урина и остатоци од фекалии“, предупредува епидемиологот Мишел Хлавс.
Ве целата таа мешаница има многу азот. Кога хлорот ќе дојде во допир со него, тие се соединуваат во хлорамин, а со тоа хлорот ја губи способноста да ги убива бактериите. Според Livescience, бактериите што преживуваат, ако ги проголтаме или вдишеме, можат да предизвикаат една од потенцијални 10.000 болести, колку што на годишно ниво се забележани кај Американците што поседуваат базени.
А МИРИСОТ?
Погодивте. Мирисот кој е толку специфичен за базените не доаѓа од хлорот, туку од хлораминот. „Базен што не е опасен по здравјето не би смеел да смрди“, вели Хлавс. Хлораминот е исто така главниот виновник за црвенилото што се јавува на очите во текот на пливањето, а може да предизвика и напади на астма, како и одредени иритации на кожата.
Значи, туширањето е задолжително. Со тоа овозможувате хлорот да остане неврзан и да ги убие бактериите. За мрзливците: едно холандско истражување од 2012 тврди дека и обичното плакнење со вода во должина од 60 секунди, без сапун, може многу да помогне.