„Што е среќа? Дали може да се дефинира среќата? Како ја доживуваме? Дали сме свесни дека сме среќни?
На овие прашања одговорија дел од вработените во компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола кои без никаков повод едноставно се потсетија зошто тие се среќни и одлучија дел од одговорите да ги споделат со нас:
„ Ја сакам мојата компанија. Сите што работиме тука имаме привилегија да работиме без предрасуди по било кoja основа, без да се ставаат етикети (партиски, социјални, економски, родови).
Во мојата команија сите сме ЕДНАКВИ.
Еднинственото правило за успех и градење на кариера кај нас е поврзано со ангжманот на вработениот: неговото/нејзино знаење, вистинската посветеност, како и желбата за постојано лично и професионално надоградување.
Сите што сме тука сме вистински среќни, затоа што кога ќе дојдеме на работа, кога ќе го пречекориме прагот на компанијата, слободно и со полни гради дишиме.
Чист воздух во Битола. Во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ.
- Ленка“
„ Ја сакам мојата компанија заради колегијалноста и тимскиот дух кои што преовладуваат. Љубезноста, пријателството, искреноста, професионалноста, посветеноста, учтивоста, културата, кохезијата и помошта што секој колега ја дава во секоја смисла, кои што чисто се сомневам дека може да се најдат на едно место.
Треба секој еден вработен во нашата компанија да биде свесен и благодарен затоа што ја ужива таа привилегија токму овде.
- Дејан“
„Со секој поминат ден, се повеќе ме прави среќна чувството на припадност на едно големо семејство, каде за секој е дадена еднаква шанса.
Тука се остваруваат соништата на повеќе од 6000 луѓе, она што вчера било невозможно, денес станува возможно, секојдневно се поместуваат границите, тука секој може да се надмине себеси - денес да биде подобар од вчера.
Можностите се слобода, а тоа чувство е непроценливо, како што е непроценлива и посветеноста и грижата за огромниот број на вработени и сплотеноста кон една заедничка цел
- Александра“
„ Иднината во Битола
Ја сакам мојата компанија Кромберг и Шуберт.
Ја сакам поради тоа што:
Вложува во младите,
Вложува во образованиетo,
Организира проекти за идните генерации,
Вложува во нов проект на изградба на градинка. Како што знаеме најбитно е децата да имаат правилен развиток кога се на мала годишна возраст.
Се гордеам со фактот што сум член од компанија која што гледа пред себе, не живее само во сегашноста односно гледа и се грижи за иднината и идните генерации.
Иднината во Битола, иднината во Кромберг и Шуберт!
- Јасмин“
„Колегијалност и пријатна работна атмосфера со постојана можност за подобрување и усовршување
- Костадин“
„ Сите убави моменти...
Незаборавни забави, дружење, времето поминато со колегите кои без да забележиме станале наши добри пријатели.
Чувството на сигурност, задоволството кога ќе бидеш ислушан и вреднуван подеднакво со другите. Да споделиш кога си радосен но и кога си несреќен, да добиеш поддршка.
Тоа не прави поразнлични од другите...
Тоа ме прави среќна во КСМК!
- Марија“
„ Еве една добра мисла која ме прави да сум среќен, исполент и спремен секогаш и во секое време:
-Да им дадам одговор на сите оние вработени кои имаат прашања или потреба да разговараат за проблемите кои ги имаат.
-Секој вработен кој е задоволен од разговорот или насоката која сум му ја посочил како добра алтернатива за неговиот проблем или предизвик како да се надмине
ме прави срекен и подготвен за понатамошни предизвици.
Чувството е прекрасно кога оној на кој му требало помош е задоволен од помошта која ја добил.
Тоа е таа добра мисла со која започнува секој работен ден во КШМК и која ке се развива и подобрува се со цел за подобро утре за сите вработени.
- Владимир“
„ Инспирација за мене во КШМК конкретно е можноста да бидам подобар човек од тоа што бев, да сослушам, да посоветувам, да помогнам на луѓе од кои немам апсолутно никаква корист.
Еден мал совет до сите: бидете љубезни, бидејќи една ваша насмевка, еден добар збор може да промени еден цел свет. Затоа насмевнете се, простете му на животот и светот што не се совршени. Кога ќе си легнете навечер, легнете со мисли за благодарност за тоа што сте, каде сте и што имате. И уште нешто...цитирам: ,,Човек со прекрасна душа мириса на пролет во секое годишно време". Бидете нечија пролет !!!
- Оливер“
„ Зошто сум среќен во КШМК?
СРЕЌЕН сум затоа што знакот “=” е помеѓу:
Работа=Инспирација
Задачи=Предизвик
Проблеми=Искуство
Колеги=Фамилија
КШМК=Дом
- Златко“
„ Кога би помислил што ме прави среќен во КШМК, првата мисла би била колегите со кои заедно имаме поминато мнооогу интересни, среќни и забавни моменти, но и некои моменти кои што заедно сме ги истуркале, победиле и поради кои сега сме многу посилни и постабилни како тим, но и како индивидуи.
- Горан“
„ Еден мудар човек рекол дека за да си среќен е потребно многу малку ...да си опркужен со личности на кои ќе им веруваш, со кои ќе сакаш да делиш и лоши и добри моменти и кои ќе ти помогнат да станеш човек кој ќе инспирира и мотивира....
Сето ова јас го пронајдов во КШМК и можам да кажам дека поради тоа сум среќна и задоволна што работам во неа.
- Мануела“
„ Можеби не знам могу за чустиот воздух ама знам дека сум среќна во КШМК поради 1.000.000.000 причини кои би ги сублимирала на следниот начин:
ЈАС не би била ЈАС ако не сум дел од КШМК и од оваа уникатна и прекрасна приказна.
- Лилјана“
„ Љубовта, различноста, динамиката (во секоја смисла на зборот:)…..
Љубов - Затоа што се сакаме со сите доблести и мани. Никој не е совршен, но заедно сме совршено различни.
За позитивната промена која допре многу животи, позитивната промена во мојот живот, можноста јас да променам нечиј живот...
За мојот HR тим, за секој роденден, за секоја свадба, за секое новороденче, за секој празник, за секоја прослава,за секој организиран настан, за секој семинар или обука, за секој приватен успех, за сите нови познанства, за промовирањето на сите колеги на повисоки позиции, за сите покачувања...
Затоа што лилавата боја од секогаш ми била омилена, а денес ми е начин и стил и на живот
Затоа што ЦЕЛО е кога има СЀ.
- Маријана“
„ Имам голема чест и привилегија да бидам дел од оваа компанија, најуспешна и најголема во целата држава.
Ја сакам мојата работа секој ден се повеќе и повеќе, тука се пронајдов самиот јас, најдов колеги кои се секогаш тука, отворени за помош и соработка, најдов колеги кои мојата помош ги прави среќни и задоволни.
Непишано правило за успех е работи го она што го сакаш и ќе бидеш среќен секој ден!
На крај би завршил со една мисла ,, За да бидете успешни, првото нешто што треба да го направите е да се заљубите во вашата работа,,
- Сашо“
„ Покрај професионалниот развој КШМК ми стана мој втор дом и ми помогна да се развијам и на личен план.
Сега среќата на работно место ја имам бидејќи сум опкружен со позитивни и среќни личности кои ги сакам како фамилија.
Бидејќи сум дел од откачени и уникатни журки и настани.
Бидејќи се дружиме, помагаме, смееме и критикуваме и пак на крајот на денот се единствените личности на кои за ништо не им замерувам
- Александар“
„ Се она што сум денес е производ на инспирацијата и мотивацијата а двете се навистина неразделно поврзани енергии.
За да се инспирираме и мотивираме прво треба да се преиспитаме самите Ние, кои се нашите потреби, желби, Што нас не прави среќни? Што вистински сакаме? Зошто тоа го сакаме? Што сакаме да постигнеме итн.. За да го дознаеме одговорот на тие прашања единствен начин е често да се прашуваме „Зошто?“. Само со тие одговори ќе се насочиме на вистинското место т.е. изворот на инспирација.
Во инспирацијата никако не смеат да бидат дел и матријалните задоволства.
Кога станува збор за инспирација на работа мене ме инспирира се, освен алармот наутро.
Патувањето до работа и сите пропратни утрински муабети или дремки.
Ме инспирира канцеларијата исполнета со многу колеги, ме инспирира работното место, компаниски и лични вредности, сите разрешени ситуации, фокусот, успехот, споделување на знаење, mindset-от на сите колеги и нивната енергија и љубов.
И по 10 саати поминати заедно на работа, мене не ми е доволно и јас пак би одбрал да ги убедам сите да пиеме кафе или да се журкаме заедно.
Ме инспирира и една мисла која ја научив од неодамна „We rise by lifting others“.
- Бобан“
„ Среќна сум што работам во оваа компанија поради:
- Секојдневната можност за запознавање на луѓе со различни: карактерни особини, темпераменти, размислувања за определени теми...
- Можност за професионално и лично созревање;
- Учеството и предавањето на обуките за лидерски вештини.
- Нермин“
„ Зарем секој од нас не се запрашал како би изгледало идеалното работно место? Дали воопшто е возможно секој ден со насмевка и позитивна енергија да стануваме и со нетрпение да очекуваме што ќе не изненади претстојниот ден?
Па драги мои, по долга опсервација и размисување можам со гордост да кажам дека ја решив енигмата и ја создадов формулата за среќно работно место која гласи:
(КШМК+ЉУБОВ+СЕМЕЈСТВО+ГРИЖА+ЕДНАКВОСТ) - (НЕКОЛЕГИЈАЛНОСТ+НЕПОЧИТ+СЕБИЧНОСТ) = СРЕЌА
П.С.
Формулата е долга, а сепак едноставна.
Дозволено е нејзино бесплатно копирање и имплементирање во секојдневниот живот!
Trust me, it’s worth it!
- Маргарита“
„Првите неколку работи на кои помислив, а ме прават навистина среќна и горда што работам во Кромберг и Шуберт:
- Пријателствата кои што секојдневно се раѓаат во нашата компанија, ако пред извесно време се чуствуваме како странци во сопствениот град сега тоа е минато, каде и да одиш секогаш има со кога да се се поздравиш, напиеш кафе, да размениш мислење, да добиеш помош и што се уште не.......
- Среќна сум и горда сум на тоа што пред неколку години пиењето кафе на Широк Сокак беше како ритуал, а сега е задоволсто зато што граѓаните во Битола конечно конечно почнаа да комуницираат меѓусебно со сати наместо да гледаат во телефоните, благодарение на Кромберг и Шуберт, без разлика дали за негативни или позитивни работа сепак ги зближивме луѓето.
- Тоа што го врати животот во Битола, благодарение на многубројните донации, вложувањето на различни настани, и благодарение на редовните плати и останатите фирми ги зацврстија нивните бизниси и подобрија нивниот живот.
- Тоа што во над 6000 домови во нашиот град нашата компанија придонесе многу за да се подобри нивниот економски живот.
- Сигурноста на вработените која им ја нуди нашата компанија: редовна плата, платени придонеси, бенифити кои ги нуди компанијата на нивните вработени, (да размислуваат на долгорочни планови во нивниот живот)
- Слаѓана“
„ Јас мојата компанија ја чувствувам како нешто – свое , мојата компанија која верува во мене.
Постојано се труди да не издигне на повисоко ниво во однос на професионалниот и социалниот момент.
Мојот тим (моите најдобри пријатели) е најдобриот тим со кој би сакала да работам.
,,Бидете исклучителни во својата работа, без разлика на функцијата која што ја имате. Бидете најдобри, без разлика дали некој ве гледа или не.” – компанијата верува во нас и знае да препознае квалитет.
- Катерина“
„ Ја сакам мојата компанија:
- затоа што тука како никаде на друго место се цени трудот на секој вработен,
- секој има можност професионално и лично да се надоградува,
- и најмногу заради моите колеги без кои денот нема да ми биди исполнет, дури и кога ќе се подскараме
- Благица“
„ Ја сакам мојата компанија бидејќи е мојот втор дом, а во одредени случаи и прв.
Покрај професионалната надградба, станувањето на подобра личност од ден во ден најсреќен сум што имам колеги кои се тука за мене, кои ги споделуваат сите моменти без разлика на добри или лоши и со кои можам да споделам сѐ.
Колеги кои ми служат за пример и на кои постојано им се восхитувам и од кои можам да научам сѐ...и има многу ЉУБОВ!
- Стевче“
„ Мојата мисла со која секој ден гордо доаѓам на работа е то а што се чувствувам сигурно и почитуван како и сите останати колеги тука.
П.С. Многу сум благодарен на мојот тим и менаџментот за поддршката која ми ја пружаа во предходните неколку месеци. Тоа нема да го заборавам.
- Томе“
Дали и Вие сте ги помислиле овие работи за компанијата за која Вие работите?