Сигурно сте слушнале дека времето кога сме се родиле може да влијае на нашите животи. Некои веруваат дека тоа однапред ги одредува способностите и карактерот на една личност.
Па така, прави разлика тоа дали сте родени наутро, попладне или доцна навечер. Секој час во денот има сопствена астролошка фрекфенција која има влијание врз нашата личност.
Од 00:00 до 02:00 часот Во ова време се раѓаат најљубопитните луѓе. Се чувствуваат удобно во ситуации кои им се познати, а приоритет во животот им е семејството.
Од 02:00 до 04:00 часот Во овој период се раѓаат многу вредни луѓе, интелектуалци и одлични говорници. Сакаат да читаат, пишуваат и да патуваат.
Од 04:00 до 06:00 часот Луѓето кои се раѓаат во овој период се храбри личности кои поседуваат лидерски карактеристики. Скромни, романтични, но понекогаш и доста тврдоглави.
Од 06:00 до 08:00 часот Снаодливи личност кои поседуваат посебен вид емпатија. Сакаат да бидат забележани.
Од 08:00 до 10:00 часот Во овие утрински часови се раѓаат хумани и многу шармантни луѓе. Премногу чувствителни личности кои сакаат да им помагаат на другите.
Од 10:00 до 12:00 часот Во овој период се раѓаат активни луѓе кои се доста амбициозни и сакаат да го променат светот. Комуникативни, добри тимски играчи и секогаш во потрага по ширење на нови познанаства.
Од 12:00 до 14:00 часот Необични луѓе кои сакаат ризик, авантура и имаат бујна фантазија. Амбициозни и одговорни личности способни за решавање на секоја зададена задача.
Од 14:00 до 16:00 часот Во попладневните часови се раѓаат моќни луѓе кои се способни да ја надминат секоја тешка ситуација. Не им се допаѓа рутина и стабилност и постојани се спреми да научат нешто ново.
Од 16:00 до 18:00 часот Позитивни и енергични личности. Честопати се плашат целосно да се отворат.
Од 18:00 до 20:00 часот Во овие вечерни часови се раѓаат луѓе со силна волја. Избегнуваат конфликти и секогаш се подготвени за акција.
Од 20:00 до 22:00 часот Сакаат да помагаат на другите и да бидат корисни за општеството. Перфекциониски кои не сакаат да прават грешки.
Од 22:00 до 00:00 часот Доцните часови се "резервирани" за филозофите. Овие луѓе точно знаат кои се и што сакаат од животот. Ја ценат уметноста и често излегуваат од сопствената удобна зона.