Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека деновиве нашата земја ќе биде под влијание на топла воздушна маса и високи дневни температури. Како што се наведува во вонредното соопштение од УХМР:
Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста. Од утре во некои реони ќе биде активирано и портокалово ниво за опасност од високи температури.
извор: www.alsat-m.tv