Летово при високите температури контејнерите за отпад, празни или полни, шират непријатна миризба. Граѓаните имаат забелешки не само на непријатната реа туку и на чистотата околу нив. Сметаат дека сега во текот на летото комуналците треба почесто да ги празнат, но и да ги мијат. Првиот човек на ЈП Комуналец - Битола вели дека контејнерите што се пред зградите се на жителите, односно тие се приватна сопственост. Иако не е во нивна надлежност да ги мијат, тие често тоа го правеле, посебно кога вршеле сервисирање на одредени контејнери.
-Пред една зграда има пример еден или два контејнери. Вообичаено на 10 до 12 станови доаѓа по еден контејнер, сега новите станари што живеат во новите згради не знаат дека обврска е на инвеститорот или нивна станарска обврска, тие го купуваат контејнерот од Комуналец, Комуналец недава бесплатно контејнери. И кога некој ќе го купи контејнерот тоа е негова сопственост и право на користење, така што обврската на Комуналец не е да ги мие итн, меѓутоа ние сакаме да помогнеме и во случај кога има оштетен некој контејнер ние на наша воља го поправаме и го сервисираме и во истиот момент кога го сервисираме ние мора да го измиеме, така што и тоа ние го правиме често пати во интерес на граѓаните а не ни е крајна обврска, рече директорот на ЈП Комуналец Панде Богоевски.
Целиот текст прочитајте го на ЛИНКОТ