Газда ќе оди на одмор во Турција заедно со своите 3.500 работници.
Станува збор за индиски бизнисмен кој во текот на овој месец ќе престојува на одмор во Истанбул, а со него ќе бидат и 3.500 негови вработени, за што ќе потроши над 10 милиони долари.
Најголемиот број од гостите потекнуваат од Индија, но има и околу 350 лица вработени во фирми на бизнисменот во 20 земји, а за нивно сместување се резервирани 10 луксузни хотели во Истанбул.
За организирање на еднонеделниот одмор на милијардерот и неговите вработени во Истанбул, се ангажирани Сојузот на турските туристички агенции (ТУРСАБ), како и службеници од Министерството за култура и туризам на Турција.
Името на бизнисменот не е објавено во медиумите, но се наведува дека тој се наоѓа на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот.