Вработените во приватниот сектор, до крајот на годинава ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15
Износот на К-15 е одреден од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата.
Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40 проценти од висината на просечната бруто плата.
Според последните податоци од ДЗС, износот на К-15 за 2019 година треба да се движи од 9.952 до 14.722 денари.
Регресот за годишен одмор им следува само на вработените во приватните компании, а вработените од јавниот сектор се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан во колективниот договор.
За вработените во приватниот сектор важи условот да бидат вработени најмалку 6 месеци во тековната година кај ист работодавач.