Јана Андова е дел од тимот на Индустри Сервис од 2013 година. Својата кариера во компанијата ја започнува како Помошник во кујна и за кратко време нејзините способности резултираат со унапредување во Готвач
Разговорот со неа го почнавме со навраќање на почетоците:
Имав претходно работно искуство како помошник во кујна и кога дознав за огласот на Индустри Сервис веднаш аплицирав и бев повикана на интервју каде што добив можност да бидам дел од тимот на оваа компанија. Првиот работен ден беше возбудлив, запознав нови луѓе кои одлично ме примија. Бев воодушевена од професионалнот начин на работа и одличните работни услови.
Што за Јана беше најголем успех и предизвик низ годините поминати во Индустри Сервис?
Најголем успех за мене беше тоа што моите претпоставени успеаа да ги препознаат мојата ангажираност и вредното работење и во рок од две години бев унапредена во позиција готвач. Дополнителен предизвик ми беше да застанам рамо до рамо со моите колеги готвачи кои тогаш беа неколку скалила пред мене и успешно да ги спроведувам работните задачи, со цел обезбедување на квалитетен и безбеден производ. Покрај ова, изминативе години во Индустри Сервис ја усовршив карвинг техниката за декорација со што станав дел од ивент тимот за кетеринг.
Задолжена сте за подготовка на оброците за вработените во подружница бр.5 во фабриката Дрекслмајер во Кавадарци. Со колкав тим работите денес и како успевате да ги задоволите вкусовите на толкав број клиенти за кои секојдневно подготвувате храна?
Денес тимот во подружницата во која работам брои 52-ца вработени со кои имаме одлична комуникација и добивам несебична поддршка се со цел остварување на позитивни резултати. Со многу разговори со клиентите и наши интерни состаноци успеавме нашата понуда да ја прилагодиме на нивните барања и да ги задоволиме вкусовите на околу 6000 клиенти, кои секојдневно ја користат нашата услуга.
Кажете ни нешто повеќе за Индустри Сервис како работодавач. Како компанијата се грижи за своите вработени?
Индустри Сервис, покрај тоа што ги почитува законските норми и правила, негува и политика на отворени врати со што вработените се охрабрени и слободни, отворено и транспарентно да разговараат за проблеми и идеи при работењето, а воедно да дадат предлог и сугестија со крајна цел подобрување на процесот на работата. Со самото тоа што компанијата постои 17 год на пазарот и е лидер во својата област може да се заклучи дека секој би сакал да биде дел од истата. Готвачите со кои почнав да работам се сеуште дел од големото семејство што јасно говори дека компанијата создава чувство на припадност.
Што би им порачале на кандидатите кои се заинтересирани да ви се приклучат?
Без двоумење го препорачувам Индустри Сервис како компанија која несебично се грижи и им дава поддршка на сите вработени и овозможува пријатна работна атмосфера во модерна кујна со најсовремена технологија и угостителска опрема. Со посветеноста и квалитетното извршување на работните задачи, личниот напредок и успех во компанијата е неизбежен.
Всушност и самото мото на компанијата е Задоволен вработен – успешна компанија!
Стани дел од тимот на Индустри Сервис - аплицирај на огласот ПОМОШНИЦИ ВО КУЈНА
- потребни се 5 кандидати
- во подружницата во Кавадарци
Доколку сакаш да бидеш дел од тимот на Индустри Сервис и да работиш во добро организирана и динамична работна средина следи ја компанијата