Големата пластична кутија која ни останува по изедениот сладолед изгледа многу практично, зар не? Па, има и капаче кое e многу фино, па си мислите дека е штета да го фрлите затоа што сигурно ќе ви дојде добро во него да чувате нешто од ручек или слично? Или пак да си замрзнете во нив некоја храна?
Сепак, пластичните пакувања од сладоледот веднаш по јадењето треба да ги фрлите или ставите за рециклирање затоа што нивното повторно користење може да биде опасно.
Работата е во пластиката.
Празните кутии од сладолед можат да пренесат хемикалии на она што го ставаме во него. Тука се вбројуваат оние како УВ стабилизатори, омекнувачи или некои други супстанции кои се наоѓаат во пластиката, па можат да се пренесат од пластиката на јадењето, објаснуваат експертите.
Особено кога кутиите ги миете со топла вода, потоа во нив ставате храна која има поинаков состав од сладоледот и која може да ја „нагризе“ пластиката.
Сладоледот во кутијата е безбеден, храната не.
Произведувачите гарантираат безгрижна консумација на сладоледот кој е во кутија, меѓутоа, кога ќе се испразни, ова добро запамтете го, кутијата мора да се фрла. Подобро е да набавите посебни пластични садови целно направени од пластика која е безбедна за чување на храната и која можете да ја користите повеќе пати.