Од ноќеска на полноќ, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за половина денар по литар, додека бензините се продаваат по истите цени како и досега, објави РКЕ.
Малопродажната цена на еуродизел изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска се продава по цена од 50,50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 не се менуваат, односно ќе продолжат да се продаваат по 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.08.2019 година и со тоа таа ќе изнесува 31,650 ден за килограм.
Цената важи од полноќ до наредниот понеделник.