Ве советуваме да уживате во летните прошетки, бидејќи тие прават чуда за нашата психа.
Сега е време за прошетка во паркот, само избегнете ги најжешките периоди од денот. Истражувачите од Универзитетот Вермонт анализирале илјадници пораки на Твитер од 4.600 корисници кои посетиле 160 различни зелени паркови во период од мај до август 2016 година.
Забележано е како напишале овие луѓе откако излегле на прошетка. Се покажало дека луѓето користат посреќни зборови и покажуваат помалку негатива по посетата на паркот и четири часа по шетањето. Исто така, колку што е поголем и позелен паркот, толку објавите биле посреќни.
”Посетите на парковите ги прават луѓето посреќни”, изјави водачот на истражувањето Арон Шварц.
Неговите соработници и тој, користеле дигитален уред познат како хедонометар, кој ја мери среќата на голем дел од населението во реално време. Зборовите кои најмногу се користеле како хаштагови се смеа, среќа и љубов. Среќата била еднаква како таа што ја чувствуваме за време на Божиќните празници.
Неодамнешните истражувања во кои е користен хедонометар покажаа дека најсреќниот ден во годината е Божиќ. Овие резултати можат да придонесат за развој и подобрување на животот во градовите.
”Има сè повеќе луѓе во големите градови кои страдаат од горештина и топлина на асфалтот и гужви на улиците и многу е важно да ги потсетам дека можат да се свртат кон парковите како оази, но е многу важно е и да се засадат дрвја кои ќе и помогнат на целата планета да дише”, изјави Дона Хум, водач на кампањата на градската мрежа.
Многу експерти посочуваат дека на луѓето треба да им се препише престој во природа како лек за да се опуштат, да се справат со стресот и да бидат посреќни.