После 10 дена уживање на песочна плажа последно нешто за кое сакате да размислувате е несомнено вашата работа. Меѓутоа, колку и да сакате годишниот одмор да трае вечно, време е да се вратите назад во реалноста и да се подготвите за враќање на работа. Направете го тоа на вистинскиот начин со овие 9 совети кои ќе го олеснат вашето враќање во секојдневната рутина.
Најголемиот предизвик за голем број вработени во текот на летниот период е токму враќањето на работа после двонеделен одмор на топлото сонце и прекрасните плажи на некое летувалиште во или надвор од земјата.
Токму затоа, експерите препорачуваат првите неколку денови откако ќе се вратите во канцеларија да ги искористите за справување со старите работни задачи, а потоа да продолжите со се останато што се случило во меѓувреме. За да избегнете чувство на презаситеност, новите задачи оставете ги за малку подоцна кога ќе се чувствувате поподготвени и порешителни за вистинска работа.
Се подготвувате за годишен одмор или тукушто се враќате на работа? Овие 9 совети ќе ви помогнат полесно да се вратите на вашето работно место после одморот.
- Вратете се еден ден порано од одмор за да имате време да се одморите и подготвите за првиот ден на работа;
- Исклучете ја автоматската порака на вашата електронска пошта пред да започне вашиот работен ден;
- Не се обидувајте да ги завршите сите работи одеднаш;
- Испланирајте го првиот работен ден, а потоа и првата работна недела;
- Одговорете на непрочитаните пораки во вашата е-пошта и избришете ги непотребните работи;
- Направете to-do листа за старите и новите работни задачи;
- Креирајте стратегија за извршување на задачите;
- Внесете ја паузата во вашиот распоред;
- Водете грижа за квалитетен сон.