Во моментов над 470 илјади слободни работни места во Германија
Ако ова лето ја посетите Баварија, првото нешто што ќе го забележите е проблемот со возните редови бидејќи германската покраина се соочува со првиот сериозен недостиг на возачи.
Од друга страна, недостигот на лекари и медицински сестри привремено стави под клуч неколку болници низ целата земја.
Но, на самиот врв на листата на најбарани занимања во Германија не се возачите и медицинските работници, туку водоинсталатерите и монтерите на клима уреди, покажува новата анализа на Федералната агенција за вработување.
Според овие податоци, скоро две третини од сите слободни работни места кои се отворени во оваа индустрија во просек остануваат непополнети 200 дена, а после нив следи професијата негувател со 199 дена.
Анализата покажа и дека во моментов се слободни 472 илјади работни места во обработените занимања, од кои 63.000 само во производствениот сектор, вклучувајќи ја индустриската и прецизната механика.
Следни се здравствените професии со 61.000 слободни места на ниво на цела земја.