Апликацијата за вработување која ќе ја испратите во понеделник има многу поголеми шанси од таа што ќе ја испратите во сабота која важи за најлош ден за аплицирање на огласи.
Веројатно се прашувате каква врска има денот со тоа дали ќе бидете повикани на разговор или не? Појдете од тоа како вие функционирате на почетокот на неделата, а како на крајот.
Мејловите кои ги добивате при крајот на неделата (петок или сабота) најверојатно ќе ги оставите за следната недела затоа што веќе чувствувате замор и со нетрпение чекате да дојде викендот.
Во понеделник наутро, ви пристигнуваат нови мејлови и постои добра шанса да заборавите на пораките кои ви останале од претходната недела.
Барем така велат резултатите од веб страната Bright.com која со 6 милиони посетители месечно важи за четврта најдобра онлајн дестинација за барање работа во светот.
За да дојдат до ова сознание, во Bright.com анализирале 500 илјади апликации за работа и утврдиле дека најголемиот број кандидати се пријавуваат за работа во вторник, а 20 проценти од нив добиваат покана за разговор.
Најмалку кандидати се пријавуваат во сабота, а тоа е истиот ден кога резултатите се најслаби.
Кандидатите кои ги доставуваат своите апликации во понеделник имаат најголеми шанси за успех – 30% од нив добиваат покана за интервју.