За да ја зголемат ефикасноста и да ја поттикнат креативноста на вработените, се повеќе мeнаџери, посебно во подрачјето на информатички технологии и комуникации, овозможуваат флексибилно работно време и нудат работа надвор од канцеларија.
Најдалеку во тоа отиде Финска во која, за разлика од многу земји, флексибилното работно време се доживува како вистинско, а не како овластување на работникот.
Истражувањето на една глобална фирма спроведено меѓу 39 земји покажува дека 92 посто од фирмите во таа земја на вработените им нудиат флексибилно работно време, а на второ место е Шведска со 85 посто фирми.
Од друга страна, најригорозна работна етика има Јапонија со 18 отсто и Грција во која само 26 проценти од компаниите имаат флексибилно работно време. Од 2011 година, кога станале познати тие податоци, се поинтензивни се и расправите за позитивноста од флексибилното работно време ширум светот.
Според податоците кои ги наведува БиБиСи, денес го користат многу големи глобални компании а прилагодливиот работен ритам овозможуваат и националните работни законодавства, од Финска до Австралија и Велика Британија.
Уште од 1996 година Финска вовела закон со кој на многу вработени им овозможуваат на работа да дојдат порано три часа и да си заминат три часа подоцна.
Таа мала земја со околу 5,5 милиони жители, позната по својот ИТ сектор, сега оди и чекор понапред: од 2020 година мнозинството од постојано вработените ќе имаат право да одлучат каде и кога ќе работат најмалку половина од работното време. Вработените ќе мора да работат и понатаму 40 часа неделно, но притоа може да работат од викендица или од омилениот кафич.