“Ние ве инспирираме да учите, да подучувате, да растете и да ги завршувате работите... ние сме компанија која мотивира“ – е мотото на Флако – модерен кол центар кој во моментов вработува голем број кандидати кои одлично го владеат англискиот јазик.
Флако е лидер во BPO индустријата кој нуди сеопфатен сет на иновативни решенија наменети за своите клиенти.
Од неодамна, компанијата отвори свои канцеларии во Скопје, каде во моментот работат околу триесетина Контакт Центар Агенти.
Во моментов, Флако го проширува својот тим и бара Агенти со или без работно искуство кои одлично го владеат англискиот јазик.
Зошто Флако се разликува од другите кол центри?
Најголемиот проблем за кандидатите кои аплицираат за работа во кол центар е работното време организирано во смени. И додека повеќето кол центри работат прва, втора, па дури и трета смена, во Флако ќе имате фиксно работно време во само една смена од 08:00 до 16:00 часот. Дополнително, сабота и недела се неработни па ќе имате доволно време да се посветите на себеси.
Флако нуди канцелариска работа со одлична можност за заработка, атрактивни бонуси и многу други бенефиции додека работите во пријатна и динамична работна средина.
За крај, Флако е компанија во која не постојат граници за тоа колку може да напредувате во вашата кариера така што се зависи од вас и вашиот потенцијал.
Сакате да станете дел од Флако?
Аплицирајте на огласот за Агенти во кол центар со англиски јазик не подоцна од 08.10.2019 година