Компанијата Google најави измени во пребарувањето, кои ќе се одразат на содржината која ќе се појави на врвот при пребарување термини и настани.
Досега се фаворизираше најновата содржина на одредена тема, но Google тоа сега сака да го промени. На врвот или при врвот на пребарувањето ќе бидат прикажани оригинални приказни за одредена тема, односно напис во кои се откриени информации кои инаку не би биле познати.
Како што објави страната TechCrunch, таквите нови информации секогаш ги пренесуваат и бројни други медиуми, па со текот на времето оригиналната статија се губи меѓу многу други резултати од пребарувањето. Тоа влијае на фактот дека голем број на луѓе воопшто нема да ја прочитаат.
Google тоа сака да го поправи, за новинарите и медиумите кои навистина откриле некоја приказна и напишале оригиналната статија да добијат поголемо внимание од читателите. Исто така, при презентирање на резултатите, пребарувањето ќе го прифати и изворот, односно кредибилитетот на изворот на кој е објавена содржината, а кој ќе зависи од историјата на квалитетното новинарско известување, како и од наградите кои медиумите, односно новинарите ги добиле.
Во подесување на алгоритмот и обука на вештачката интелигенција, кои се клучни за прикажување на најважните содржини, на компанијата Google треба да и помогне глобалната мрежа од повеќе од 10.000 луѓе, кои во компанијата даваат податоци за квалитетот на резултатите од пребарувањето кои се прикажуваат на пребарувачот.