Ново истражување во Америка покажува дека крпите кои ги користиме во кујна се легло на бактерии и можат да бидат закана по здравјето.
Бактериите кои се размножуваат на крпите потоа ги има во човековото тело. Пронајдена е опасната Ешерихија коли, како и бактерии во цревата.
Се препорачува убаво да се мие и пребришува лавабото, работната маса и приборот кој се користи, како и се до кое се допираат крпите, но и редовно да се менуваат.
ЕКСТРА СОВЕТИ:
Трик со кој за 2 минути ќе го исчистите шпоретот.
Дамките и маснотиите на шпоретот е вистинска ноќна мора за секоја домаќинка. Но постои ефикасна и евтина метода со која ова ќе стане минато.
Овој проблем можете да го решите без да користите штетни хемикалии. Еве што ви е потребно: 100 % алкохол, памучна крпа и четка за заби.
Начин на примена: Само нанесете алкохол на крпата и потоа избришете го шпоретот или што и да чистите. Оставете го алкохолот малку да стои и потоа избришете. Ако не ви се извадија дамките, земете четка за заби и бришете малку посилно. Ќе бидете задоволни.
Никогаш веќе нема да ви се излее ручекот на шпоретот додека готвите – ова е трикот:
Постои еден лесен и едноставен трик за никогаш повеќе да не ви истече ручекот од тенџере откако ќе зоврие.
Имено, се што треба да направите е да земете една дрвена лажица за мешање да ја ставите на средина додека врие смесата во тенџерето и со тоа нема да падне ни капка на шпоретот.
Така и ручекот ќе остане цел и нема да се мачите да чистите дамки.