„Како беше на интервјуто за работа?“ “Феноменално!”
Ова звучи како мит, зарем не? Еве што треба да направите, според научниците. Мора „длабоко да погледнете“ во три до пет работи кои се најважни во вашиот живот. Зошто само три до пет? Затоа што нашата меморија не може повеќе од пет работи „да држи под контрола“.
Оваа вежба ви помага да се фокусирате на вашите вредности и кое работно опкружување би било идеално за вас. Откако ќе го направите ова, можете да се фокусирате на подготовката за разговорот, што е најважниот дел.
Ако научите да се опуштите под притисок, тоа е вештина која секогаш е добро да се знае. Рамномерно дишење, визуелизација, шетање, кратко вежбање и слично, се само некои од вештините кои ќе ви користат на интервју за работа.
Кога кандидатот е под стрес, тоа не може да се скрие. Тогаш кандидатот разговара брзо и неповрзано. Не размислувајте за најлошото сценарио. И секогаш имајте резервен план, што повторно ве враќа на првиот чекор, а тоа е добра подготовка.
Ако добро ги истражите сите можни опции и ситуации, тоа ќе ви овозможи да вежбате и да поминете низ сите можни прашања два дена пред интервјуто. Размислете за интервјуто како разговор во кој ќе ја покажете најдобрата верзија за себе, но размислете за прашањата.
Вашето интервју, дури и ако не ја добиете работата, е шанса да се поврзете со тие луѓе, да оставите добар впечаток, да се истакнете и да стекнете контакти.