Храната која содржи шеќер и киселина, како природните и газирани сокови, овошјето и зеленчукот како што се цвекло, боровница и слично, потоа бомбоните, колачите, лимонот, црниот чај и виното, особено белото, кое е покисело од црвеното, создаваат микропукнатини.
Во нив потоа се создава талог кој ја променува бојата на забите, предупредува др. Давор Чуркович од Загреб.
Тој додава дека уништената забна коска допринесува за директен пристап на непосакуваните супстанции во забните канали, што предизвикува кариес и деминерализација на забната маса, па се создаваат бели дамки.