Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2018 за долгови доспеани до 31.01.2018 и неплатени до 30.04.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.05/2018 објавени се 2.165 должници - правни лица (повеќе за 85 од претходната листа) и 2.226 физички лица (повеќе за 317 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2018 изнесува 8.739.472.188 денари, помалку за 1.298.773.921 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.592.195.415 денари (помалку за 1.404.325.176 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 147.276.773 денари (повеќе за 105.551.255 денари од претходната листа).
Целата листа можете да ја најдете на следниот линк.