Банката NatWest започна тримесечно тестирање на биометриски кредитни картички со отпечаток од прст за 150 клиенти.
Банката предходно направила пилот биометриски дебитни картички, но сега за прв пат се издаваат кредитни картички. Овие биометриски кредитни картички ќе понудат бесконтактно плаќање користејќи употреба на проверка на отпечатоци од прсти за трансакции до 100 фунти и зголемување на сегашната граница од 30 фунти.
Биометриската картичка се напојува преку терминал за картички и кога купувачот ќе ја приближи картичката, зеленото светло на картичката означува дека отпечатокот од прстот се совпаѓа со купувачот, по што трансакцијата успешно ќе се реализира.
Директорката за иновации на NatWest, Георгина Булкели изјави: “Следејќи го успешниот пилот проект на нашата биометриска дебитна картичка, сакаме дополнително да ја тестираме технологијата за кредитни картички. Ова е најголем развој во картичната технологија во последниве години, и не само што отсуството на код ја зголемува безбедноста, туку и на нашите клиенти им го олеснува купувањето на стоки или услуги“.
За да ја воведат оваа услуга за корисниците во Велика Британија, компанијата NatWest соработува со компанијата за платежни картички MasterCard и со дигиталната компанија за сертификати за безбедност Gemalto.