Аплицирајте и станете дел од тимот на повеќе од 1000 млади, амбициозни, високообразовани и професионални кадри во А1 Македонија
Компанијата А1 Македонија е член на А1 Телеком Австрија Групацијата, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1000 вработени, под брендот А1 Македонија, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.
А1 Македонија ја сочинуваат млади, амбициозни, високообразовани и професионални кадри, со просечна возраст од 33 години. Вработените се во центарот на нивниот динамичен бизнис, а А1 Македонија својата конкурентна предност пред другите, ја црпи од вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на вработените кон нивните корисници.
Вработените имаат можност за постојан раст и развој, преку формални и неформални обуки, како и други алатки за напредување. Како дел од А1 Телеком Австрија Групацијата, вработените работат во меѓународна средина, разменуваат знаења, искуства и најдобри практики со своите колеги во рамките на Групацијата.
За повеќе информации, посетете го виртуелниот штанд на компанијата на првиот онлајн саем за вработување во Македонија на следниот линк.