На саемот се претставија повеќе од 70 компании од регионот, меѓу кои и 14 од Македонија
Од 16. до 23. октомври за прв пат во Македонија се одржаа Виртуелни денови за вработување (www.denovizavrabotuvanje.mk) организирани од страна на порталот Vrabotuvanje.com во соработка со своите партнерски портали MojPosao од Хрватска, Poslovi.Infostud од Србија и Posao.ba од Босна и Херцеговина.
Саемот го посетија нешто повеќе од 50.000 посетители од Македонија кои имаа можност да аплицираат на преку 550 отворени позиции во земјава и регионот. На саемот во потрага по нови вработени тргнаа нешто повеќе од 70 компании од регионот, меѓу кои и 14 од Македонија.
Покрај можноста да аплицираат на огласи, на посетителите на саемот им беше овозможено директно преку чет да разговараат со претставници од компаниите.
Тие беа најзаинтересирани за тоа што да нагласат кога аплицираат во компанијата, како најдобро да се претстават на интервју за работа, колку трае процесот на селекција и кога може да очекуваат повратни информации од работодавачот.
Во текот на денот ќе ви откриеме која е компанијата со најголем број посетители на својот штанд.