Граѓаните ќе плаќаат пониски цени за струја, и тоа за не повеќе од една до две години, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во Охрид, кадешто првите луѓе на електро-преносните компании од Југоисточна Европа ги договараат чекорите за формирање на единствен регионален пазар на струја.
Како резултат на подобрувањето на политичките односи со Бугарија било договорено спојување на македонскиот и бугарскиот енергетски пазар.
Тоа на Македонија и граѓаните ќе им донесе да се изедначат цените на Македонија со Бугарија каде цените на електрична енергија се пониски затоа што Бугарија е нето извозник на електрична енергија, а Македонија е нето увозник, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Преку единствениот регионален пазар на струја, цената на електричната енергија ќе биде приближно иста со оние во европските земји коишто иако побогати, во моментов имаат пониски цени.