Денот треба да започне со физичка активност и здрав појадок – колку пати тоа веќе сте го прочитале во книги и на интернет?
Сепак, токму тие се некои од основните елементи кои влијаат на нивото на енергија кое го имате во текот на целиот ден. Ова се трите најлоши навики поради кои од ден на ден се чувствувате поспано и безволно.
Се храните нездраво и јадете премногу
Нездравите јаглени хидрати, вклучително и преголемите количини на шекер, производи со многу додатоци и вештачки бои се една од причините зошто немате енергија и зошто не можете да ослабете. Обидете се да ги испланирате своите оброци, да јадете што повеќе зеленчук, овошје и да научите да кажувате НЕ на слатки и грицки на работа или на кое било друго место.
Не се движите доволно
Би требало секој ден да издвоите барем еден час за некоја физичка активност. Без разлика дали станува збор за прошетка во парк или тренинг во теретана, на вашето тело му е потребно движење за нормално да функционира.
Премалку спиете
До три часот наутро, го „чепкате“ телефонот, листате на инстаграм и потоа макотрпно го слушате алармот од 6 до 7 часот? Престанете да го правите тоа и воведете здрава вечерна рутина која се состои од релаксирање, читање книга наместо да гледате во вашиот телефон или телевизор и одете на спиење пред полноќ.