Сигурно сте забележале дека во трговските центри нема ниту часовнци ниту прозори. Има музика, распоредот на полиците е исто така добро промислен. Поради целиот систем на трикови за да купуваме повеќе производи и да потрошиме повеќе пари.
Количките за пазарување се преголеми. Во 1938-мата, кога биле исмислени, количките за пазарување биле значително помали од тоа што се денес. И тоа не е случајно – празната количка подсвесно ќе ве натера да купите повеќе производи.
Бои кои потсетуваат на распродажба. Така на пример црвената боја се поврзува со распродажба. Боите се навистина моќна алатка и нивниот впечаток на нас е огромен.
Поставување на овошјето на влезот. Во повеќето продавници и маркети овошјето и зеленчукот се поставени на самиот влез. Тоа е така бидејќи е докажано дека здравата храна, силните бои и мириси ја зголемуваат продажбата.
Намерно ископлицирана цена. Некои производи се спакувани, некои се продаваат на килограм, а други на парче. Ова го прават намерно за да им биде потешко на потрошувачите да ја одредат цената.
Погледнете како е нареден зеленчукот. Убаво е нареден, за да изгледа свежо и штотуку обрано. А не е.
Сакаат да огладнете. Затоа низ целиот маркет се чувствува мирисот на свеж леб од пекара. А кога ви се јаде, сè сакате да купите.
Ве тераат да прошетате низ маркетот. Важните намирници како лебот и месото речиси секогаш се на крајот на маркетот. Така што ќе мора да поминете покрај многу други производи за да стигнете до нив, а шансите да земете нешто за кое не сте дојдени, се големи.
Ги манипулираат и децата. Производите како некои скапи чоколадца поставени се на висина на дете, за да може да се послужи само. Како и покрај касите, каде најчесто децата се нервозни, па да може родителот да им купи нешто за да се смират.
Производи што добро одат заедно се намерно поставени така. На пример пиво и чипс. Па како да не ги купите кога одат толку добро заедно?
Местото и рибата се поставени пред бели ѕидови. Бидејќи така изгледаат посвежо.
Тука е и музиката. На пример, француска музика во делот за вина, која асоцира на патување и големи се шансите да ве поттикне да купите некое скапо вино.
Мислите дека е евтино, а не е. Повеќето луѓе во брзање купуваат нешта кои се истакнати како специјална понуда. Но многу често овие понуди воопшто не се поволни за купување, само луѓето немаат време да проверат.