Кинеската компанија „Хуавеј“ ќе им подели бонуси со своите вработени како благодарност што помогнале при справувањето со санкциите на САД, кои ја загрозуваа работата на компанијата со паметните телефони и другите технологии, пренесува АП.
Компанијата на социјалните мрежи соопшти дека на 90.000 вработени ќе им подели две милијарди јуани, или 285 милиони долари, односно по 3.100 долари на секој вработен.
Преостанатите вработени кои се поврзани со компанијата, а ги има околу 180.000, ќе добијат дополнителна месечна плата.
Во изјавата компанијата им порача на вработените дека бонусите се начин да им се заблагодарат за напорот што го направија по воведувањето на американските санкции во мај годинава.
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!