Од 1 декември 2019 година минималната нето плата во Македонија ќе изнесува 14.500 денари
На вчерашната 116. седница Собранието ги изгласа измените и дополнувањта на Законот за минимална плата со што и официјално минималната нето плата во земјава од следниот месец ќе изнесува 14.500 денари.
Во текот на вчерашниот ден по скратена постапка беше донесен и Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување како резултат на зголемување на платите.
Со зголемувањето на минималната плата се очекува колку толку да се подобри животниот стандард на вработените со ниски месечни примања.
За последен пат минималната плата се зголеми во април 2019 кога истата беше поставена на границата од 12.507 денари.
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!