За оваа апликација се вели дека неверојатно брзо ја троши батеријата…
Ако сте забележале понекогаш батеријата на телефонот брзо да ви се празни, апликацијата WhatsApp би можела да биде виновникот.
Голем број на корисници го забележаа овој проблем, a најчесто се појавува на моделите „OnePlus, Galaxy S10e, Galaxy S9, Google Pixel 3 и Pixel 4“.
Еден корисник, по инсталирањето на најновата верзија на WhatsApp, забележал дека апликацијата работи во позадина повеќе од еден час и половина, иако била отворена само на една минута.
Многу други, исто така забележаа дека батеријата побрзо им се празни затоа што апликацијата работи во позадина, иако 30 проценти од нив одговориле само на една порака или на две.
Единственото решение кое на некои им помогна засега е деинсталирање и повторно инсталирање на апликацијата.
Потребно е да направите бек-ап на податоците од WhatsApp, да ги исчистите Appcache и Appdata во поставките на телефонот, да ја деинсталирате апликацијата и повторно да ја инсталирате и да ги вратите податоците.