“Lyft” најави нова иницијатива со која на патниците ќе им овозможи бесплатен превоз или возење со попуст секој пат кога ќе одат на интервју за работа, а истото ќе важи и во првите три недели откако ќе ја добијат работата.
Американската компанија за споделен превоз Lyft одлучи да им помогне на луѓето кои бараат работа преку Програмата за пристап до работни места која има за цел да го затвори проблемот со транспорт во заедниците со ниски приходи.
Како што стои во официjалното соопштение, Lyft ќе го реализира овој проект на ниво на 35 градови во САД и Канада, а помош ќе добие и од неколку национални и локални организации.
За невработените, сигурен превоз на интервју за работа или во првите неколку недели од вработувањето може да значи разлика помеѓу успешно и долгорочно вработување и пропуштена можност, велат од Lyft.
За да се одлучи на ваков потег, менаџментот на компанијата се инспирирал од една студија на Оксфордскиот Универзитет во која се вели дека “можностите за економска мобилност на децата во голема мера зависат од средината во која тие ќе израснат“.
Компанијата, исто така, ја цитираше сопствената студија која покажала дека “дури 44% од возењата со Lyft започнуваат или завршуваат во области со ниски приходи“.