Според членот 77 од Законот за работни односи како неосновани причини за откажување на договорот за вработување се:
- Членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласнот со закон и колективен договор
- Поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи
- Одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатеното родителско отсуство
- Користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор
- Отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба
Како неосновани причини може да бидат и други случаи на мирување на договорт за вработување утврдени со ЗРО.